Дома Фудбал Барселона почна преговори за нов договор на Балде

Барселона почна преговори за нов договор на Балде

Барселона ги започна преговорите за нов договор на младиот талент, Алехандро Балде, пренесуваат каталонските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на 19-годишниот Балде е приоритет за Каталонците. Левиот бек игра одлична сезона и до сега одигра 22 меча, а беше повикан и на Мундијалот.

Неговиот договор истекува во 2024 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа Барселона сака што поскоро да ја продолжи соработката, бидејќи за Шпанецот интерес покажуваат мнигу европски клубови.

Каталонците започнале преговори за продолжување на договорот до 2027 година и зголемување на платата на младиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…