Дома Топ вести Барселона потврди голема промена, ќе ја следат ли и остантите клубови?

Барселона потврди голема промена, ќе ја следат ли и остантите клубови?

0
barcelona

Aмериканските турнеи кои ги гледавме во претходните години можеби во блиска иднина ќе станат минато.

Во Барселона започнаа со промени за наредното лето, иако оваа неодамна започна.

Каталонците денес објавија дека наредното лето ќе одат на турнеа во Јапонија и Кина.

Ова би можело да претставува пресврт и останатите клубови да се откажат од турнеите во САД во замена за Далечниот Исток.


Следете го Sportski.mk и на


Причина секако се парите, распределбата на моќта и сега е нешто поинаква, пред се Кинезите претставуваа најголема економска сила во светот и полека го зимаат приматот од Американците, ако веќе не го направиле тоа.

Не е објаснето дали тоа значи дека Барселона ќе се откаже од традиционалниот Интернационале куп на шампиони кој се игра секое лето, но ова веројатно е најава во која насока ќе се одат во иднина најголемите светски клубови.

Најавата за соработка на Барселона и Јапонија можевме да видиме со трансферот на Андрес Иниеста во Висел Кобе и пред тоа кога „Ракутен“ стана генерален спонзор на клубот од „Ноу Камп“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нејмар конечно се огласи за „конфликтот“ со Кавани

Двете ѕвезди на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани и Нејмар имаа непријатен „дуел“ за време н…