Дома Трансфер зона Барселона му ја уништи единствената надеж на Бејл летово да замине од Мадрид

Барселона му ја уништи единствената надеж на Бејл летово да замине од Мадрид

Герет Бејл според последните информации најверојатно ќе остане во Реал Мадрид иако беше скоро сигурно дека го напушта клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бејл ги пропушти дел од припремите бидејќи преговараше со кинески клубови, но на крајот од заминување на далечниот исток нема да има ништо. Иако Зидан неколку пати истакна дека не смета на него, Бејл и покрај тоа остана во Реал.

Претходните месеци се шпекулираше дека за него единствена можност е да премине во Баерн, кој беше заинтересиран за него. Баварците беа единствените кои покажаа некој поголем интерес за Бејл, но сега е јасно дека ни од заминување во Минхен нема да има ништо.

Каталонски Спорт утрово објави дека Барселона му зададе голем удар на Бејл и Реал бидејќи му ги расипале плановите за трансфер во Баерн. Имено, Барса се договори со минхенскиот клуб за позајмица на Кутињо, а германскиот клуб веднаш се повлече од преговорите за Бејл.

Очигледно Баерн беше единствениот излез за Бејл ова лето, но Барселона ги расипа сите планови. Па така, Велшанецот најверојатно ќе остане во клубот, а дали Зидан ќе смета на неговите услуги останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алварез: Сaкам да го остварам својот сон. Трансферот е најдобрата опција за сите

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Хулијан Алварез изјави дека ова лето сака да го напушти Атлетико Мад…