Дома Топ вести Барселона и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Барселона и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Барселона започнале преговори за голема трампа.

Имено, „старата дама“ одамна е заинтересирана за хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ, додека Барселона за возврат го бара италијанскиот репрезентативец Федериико Бернардески.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Идејата не е нова. За слични преговори се дискутираше минатото лето, но тие беа прекинати поради тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде. Тој сега не е веќе на функцијата и може да се направи оваа размена.

Двајцата фудбалери оваа сезона не добиваат голема минутажа. Ракитиќ е на излезна врата од Барселона, додека Бернардески не се вклопува во формацијата на тренерот Сари.

Јувентус исто така ќе бара паричен надоместок, бидејќи Италијанецот е 6 години помлад од Хрватот и има повисока пазарна цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…