Дома Фудбал Репрезентации Барселона и Чави стравуваат: Гундоган во солзи го напушти натпреварот на Германија

Барселона и Чави стравуваат: Гундоган во солзи го напушти натпреварот на Германија

Германија во пријателски натпревар ја победи Франција во пријателски натпревар со 2:1 и така започна ерата во оваа селекција без Ханси Флик кој доби отказ по поразот од Јапонија.

Но, во Германија не можат целосно да бидат задоволни затоа што Илкај Гундоган кој одлично го започна натпреварот мораше да биде заменет во 26. минута поради повреда. Гундоган имаше дуел со Рабио по кој падна директно на грб и веднаш можеше да се заклучи дека не станува збор за наивна повреда.

Оваа повреда е причина за загриженост и за тренерот на Барселона, Чави Ернандез. Посебно затоа што Гунгодан во 2014 година за малку ќе ја завршеше кариерата поради повреда на грбот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Антонио Вергара го прави деби за Италија против Франција

Антонио Вергара од Наполи го направи своето деби за Италија во реми од 1-1 против Франција…