Дома Фудбал Барселона и Фати блиску до нов договор

Барселона и Фати блиску до нов договор

Барселона е многу блиску до финализирање на новиот договор на младиот талент Ансу Фати, пренесува „Мундо Депортиво“.

Весникот пренесува дека агентот Жорге Мендеш веќе ја добил понудата од клубот и во наредните денови ќе има средба со раководството на Барселона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Новиот договор нема да биде долг за да може Барселона да ја зголеми платата на Фати, кога ќе се подобри финансиската ситуација во клубот.

Договорот на Фати истекува на крајот на сезоната, но Барселона има опција да го задржи на уште една година.

18-годишниот Фати има голема желба да остане на „Камп Ноу“ и двете страни се блиску до продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн ја посакува ѕвездата на Ливерпул, тимот од „Енфилд“ веднаш ѝ нуди нов договор

Фабрицио Романо ги откри новите детали поврзани со играчот кој Ливерпул сака да го задржи …