Дома Топ вести Барселона и Манчестер Сити спремаат голема трампа

Барселона и Манчестер Сити спремаат голема трампа

Барселона планира да му предложи на Манчестер Сити трампа на двајца португалски дефанзивеци, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Нелсон Семедо, кој веќе неколку години е член на Барселона, но Каталонците се спремни да го испратат на „Етихад“, а за возврат да го добијат потписот на Жоао Кансело.

Семедо пристигна во Барселона во 2017 година, но до сега не успеа да обезбеди стандардно место во стартниот тим, па Каталонците ова лето ќе бараат негова замена.

Раководството смета дека Кансело би бил идеално решение за таа позиција, бидејќи играше одлично во Примера во дресот на Валенсија.

Кансело минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Јувентус, но не успеа да се наметне во изборот на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…