Виктор Фонт кој беше кандидат за претседател на Барселона не верува дека Жоан Лапорта лаже за финансиската ситуација во клубот.
Фонт јавно го критикуваше актуелното раководство на Барселона, велејќи дека тие не можат да го водат клубот и дека поднесуваат лажни извештаи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лапорта е ист како Бартомеу. Не може да се снајде и дава лажни извештаи. Очигледно не мамат. Во последните четири години потрошивме 1,041 милијарди евра повеќе отколку што заработивме. Очигледно, таквото трошење е делумно наследство на Бартомеу по однос на платите и другите околности. Нашите приходи се многу пониски отколку во времето на Бартомеу“.
„Лапорта собира кредити. Имавме долг од 1,15 милијарди, а сега веќе е 1,3 милијарди. Ако се земе предвид „Еспаи Барса“, веќе должиме 2,484 милијарди. Го прекршуваме законот затоа што нашите долгови се повеќе од двојно повеќе од нашиот буџет“, обвини Фонт.