Дома Фудбал Барселона добива нов спознор на предната страна од дресот, вакво нешто не се гледа често

Барселона добива нов спознор на предната страна од дресот, вакво нешто не се гледа често

Пандемијата од коронавирисот погоди многу клубови ширум светот, а помеѓу најпогодените беше Барселона.

Каталонскиот клуб се наоѓа во огромни долгови откако натпреварите веќе една година се играат пред празни трибини, а тоа секако беше голем извор на заработка за клубот. Новиот претседател Жоан Лапорта има голема задача да се обиде да ја ублажи финансиската криза во која клубот се наоѓа, тоа сигурно нема да биде лесно.

Барселона е во потрага по нови спознори за да ја поправи ситуацијата и шпанските медиуми пишуваат дека Каталонците ќе добијат нов спонзор на предната страна на дресот. Каталонскиот клуб соработува со компанијата „Ракутен“, но нивниот договор истекува на крајот на наредната сезона.

Приходите од јапонската комапнија не се баш најдобри и се очекува Барселона да го промени главниот спонзор. „Кадена СЕР“ денес објави дека Барселона може да направи необичен потег и на предната страна да го стави името на „Најк“ кој секако е спонзор на Барса кога во прашање е опремата.

Така дресот на Барса би можел да го има логото на „Најк“, но и името на оваа компанија што не е баш често. Американската компанија наводно ја испратила ваквата понуда и сега ја чекаат Барселона да се изјасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…