Барселона внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, пренесуваат каталонските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последните денови се шпекулира дека Обамејанг ќе биде ставен на трансфер листа, бидејќи самиот играч побарал трансфер.
Барселона има потреба да го засили нападот после заминувањето на Меси. Новото засилување Серхио Агуеро се повреди и ќе го пропушти почетокот на сезоната.
Каталонците се спремни да му понудат на Арсенал трампа, така што на „Емирати“ да го испратат Филипе Кутињо, кој не влегува во плановите на Куман.
Кутињо има висока плата и за да се реализира оваа трампа треба да прифати помала плата во Арсенал.