Дома Топ вести Барселона го има најлошиот старт на сезоната после скоро три децении

Барселона го има најлошиот старт на сезоната после скоро три децении

Барселона синоќа во Мадрид е поразена од Атлетико во рамките на 10. коло од шпанската Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој пораз ја разбуди кризата која владее во Барселона. Каталонците се во финансиски проблеми, некои од играчите веќе сакаат да заминат, клубот неодамна остана без комплетната управа, а навивачите се молат да замине и тренерот Роналд Куман.

Сето тоа резултираше со очаен почеток на сезоната и ретко кој се сеќава кога последен пат Барселона имала послабо отварање на сезоната. Последен пат кога Барса освои 11 бода после 8 одиграни натпревари беше во далечната 1991/92. Од тогаш, скоро три децении немале полошо отварање на сезоната.

Барса е само четири бода од зоната за испаѓање, а дури и оние кои се најголеми оптимисти веќе го прифатија поразот и се откажаа од титулата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Невиден срам: Инфантино сакаше да покаже што знае со топка, но интернетот тоа не му го заборава со години (Видео)

Џани Инфантино е навикнат да биде во центарот на вниманието кога зборува за најголемите те…