Уругвајскиот репрезентативец и член на Јувентус, Родриго Бентанкур оваа сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Најсилен инетрес за Бентанкур покажува Барселона, која спремила понуда од 60 милиони евра, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска и сметаат дека Уругваецот би бил идеален за нивиот стил на игра.
Бентанкур е најпријатно изненадување оваа сезона во Серија А и ги истисна Кдира и Емре Чан од првиот тим на „старата дама“ со своите фантастични партии.
Меѓутоа, тешко дека Јувентус ќе се согласи да ја продаде својата нова ѕвезда и наскоро ќе му понуди нов договор на Уругваецот.
Притоа, „старата дама“ има една „непријатна“ клаузула во договорт со Бока Јуниорс. Имено, аргентинскиот клуб треба да добие 50% од сумата при следна продажба на Бентанкур.
Раководството на Јувентус наскоро ќе седне на преговарачка маса со Бока и ќе и понуди 15 милиони евра за да се избрише таа клаузула.
Rodrigo Bentancur's goal celebration. pic.twitter.com/Fhf51tXGcH
— Forza Juventus (@ForzaJuve2017) December 1, 2018
https://youtu.be/uDkrF8-xdFo