Дома Топ вести Барса спреми нов договор за Суарез

Барса спреми нов договор за Суарез

Луис Суарез бара нов договор од Барселона и сака да биде изедначен по примањата со Нејмар, а раководството на Каталонците е спремно да го задоволи неговите барања.

Уругваецот моментално заработува 10 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе заработува неверојатни 16 милиони, исто колку и Нејмар.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона е отворена за преговори, иако тоа додатно ќе го оптерети буџетот за плати кој и моментално е многу висок.

Суарез моментално има 29 години, според новиот договор ќе остане во Барселона до 2020 година и ќе заработи 65 милиони евра.

Каталонскиот клуб е отворен да ги задоволи неговите барања бидејќи Суарез е незаменлив дел од тимот и според бројот на головите и асистенциите е еден од најуспешните во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На Кристијано Жуниор му кажаа дека Јамал е подобар од Роналдо – еве како реагираше (Видео)

Синот на Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието откако за време на еден стрим м…