Дома Фудбал Останато Барса спрема нов удар за Рома, сега сака да им го „украде“ најважниот човек!?

Барса спрема нов удар за Рома, сега сака да им го „украде“ најважниот човек!?

Ако се точни информациите на реномираната „Газета“, Рома би можела да остане без најважниот човек во градењето на тимот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, во Италија се пишува дека спортскиот директор на Рома, Мончи кој е ценет и близок со директорот Паолота би можел да се врати во Шпанија.

Мончи има договор до 2021 со Рома, но на неговото семејство како што се наведува не му одговара Италија и секој слободен момент го користат да ја посетат куќата во Андалузија.

„Газета дело Спорт“ пишува дека ваквата ситуација би можела да ја искористи Барселона и да го врати Мончи на Апенините.

Дека навистина нешто може да се случи, како „доказ“ се наведува тоа што Мончи не кажа ништо против шпанскиот гигант кога Каталонците им го „украдоа“ Малком.

Јасно, Рома нема да сака да го пушти, но ако во прашање се приватни причини и Мончи инсистира тогаш „волчицата“ не би можела многу да направи.

Ќе потсетиме, Рома Мончи го доведе од редовите Севилја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ноќ која ќе сака да ја заборави: Мануел Ноер постави неславен рекорд во Лига на шампиони

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Баерн со 5:4 во првиот натпревар од полуфиналет…