Дома Фудбал Барса преку пенали подобра од Тотенхем, ЕВРОГОЛ на новајлијата Артур (видео)

Барса преку пенали подобра од Тотенхем, ЕВРОГОЛ на новајлијата Артур (видео)

Каталонците изминатата ноќ одиграа пријателски натпревар против тимот на Тотенхем и беа подобри после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел резултатот беше нерешен 2:2.

За Барселона на овој натпревар дебитираа новајлиите Ленгле, Артур и Малком, освен тоа оставија и добар впечаток. Лоши вести беа повредите на Андре Гомеш и Денис Суарез. Но ќе потсетиме дека тоа се играчи кои Барселона сака да ги продаде во овој преоден рок.

Барселона доминираше во првиот дел и заслужено стигна до предност од 2:0. Посебно навивачите се радуваат на вториот гол кој беше прекрасен и го постигна новото засилување Артур.

Тотенхем во вториот гол со два брзи гола на Сон и Нкуду успеа да стигне до 2:2.

Во пенал серијата Барса беше подобра со 5:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е на 936 гола, а неговиот тренер е убеден: Ќе стигне до 1.000!

На Лионел Меси му недостигаат уште 64 гола до неверојатната граница. Кристијан Гонзалес ве…