Дома Фудбал Барса потврди, Кутињо е повреден – еве кога ќе дебитира!

Барса потврди, Кутињо е повреден – еве кога ќе дебитира!

Барселона денес и официјално ќе го претстави своето најново, но и најскапо засилување Филипе Кутињо.

Бразилецот утринава го помина медицинските прегледи, а попладнево се очекува да стави потпис на договорот и официјално да биде преставен на „Камп Ноу“.

Во меѓувреме каталонскиот клуб официјално потврди дека за време на прегледите на Кутињо му била дијагностицирана повреда на десниот бутен мускул.

Поради тоа Бразилецот ќе паузира околу 3 недели, а неговото официјално деби се очекува да биде за 20-ина дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте ги пресече шпекулациите за Јунајтед: Не сум поставувал услови

Италијанскиот стратег реагираше на тврдењата дека бара целосна контрола врз трансферите во…