Барселона е спремна на лето да направи големи промени во тимот, неколку ѕвезди ќе си заминат за да биде наполнет буџетот на Каталонците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Главни приоритети на Барселона на лето ќе биде доведување на Нејмар и Лаутаро Мартинез, а за таа цел клубот е спремен да потроши повеќе од 250 милиони евра.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да го стави француското дуо, Дембеле – Умтити на продажба.
Умтити има договор со Барса до 2023 година, но во последните две сезони се мачи со повреди и не е во добра форма, па клубот реши да го стави на трансфер пазарот. Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, а дефанзивецот ќе биде достапен за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Иста е ситуацијата и со Дембеле, требаше да биде големо засилување, но честите повреди го спречија неговиот развој.
Барселона се надева дека со продажбата на овие двајца фудбалери ќе собере дел од парите потребни за Нејмар и Лаутаро.