Дома Фудбал Барса му верува на Тер Штеген, на маса нов договор

Барса му верува на Тер Штеген, на маса нов договор

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген е пред потпис на нов договор со Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тер Штеген се смета за еден од најдобрите голмани во Европа и поради тоа во Барселона не помислуваат да менуваат нешто по тоа прашање, па на Германецот му е понуден нов договор.

Шпанскиот дневник Спорт тврди дека управата на клубот ги дала условите на Германецот и неговите представници, па се очекува да се направи формален договор.

Ситуацијата во Шпанија поради пандемијата коронавирус не е најдобра, па веројатно ќе треба малку да почекаме да се потпише нова соработка помеѓу Тер Штеген и клубот во кој брани последните сезони.

Баерн Минхен покажауваше интерес за Тер Штеген и токму поради тоа Барселона побрза со договорот, а и самиот германски репрезентативец претходно потврди дека има за цел да остане на Камп Ноу долги години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперѕвезда од Бразил со откупна клаузула од 80 милиони евра ја бара Карик во Манчестер Јунајтед

Меидумите пишуваат дека Манчестер Јунајтед е меѓу клубовите од Премиер лигата кои го следа…