Дома Топ вести Барса конечно со прв официјален коментар за Меси

Барса конечно со прв официјален коментар за Меси

Откако Лионел Меси реши да остане во Барселона и следнат сезона, никој од раководството не излезе со официјален коментар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси објасни зошто решил да остане на „Камп Ноу“,но директно го нападна актуелното раководството на чело со Бартомеу.

Денес конечно после разврската со Меси се огласи потпретседателот Пау Виланова.

„Многу се радуваме што Меси е со нас и е дел од нашиот нов проект“, изјави Пау.

„Треба да ги слушнеме зборовите на Меси за да најдеме решение за проблемите. Сите во клубот имаме одредени сомнежи во однос на тоа што се случи, но решивме да продолжиме напред“, додаде потпретседателот на Барса.

Како што е познато, Меси побара да го напушти клубот како слободен агент, а потоа откри дека останува уште една сезона само да не заврши на суд со клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…