Дома Топ вести Барса има „план Б“: Сега го нуди Дембеле за Пјаниќ

Барса има „план Б“: Сега го нуди Дембеле за Пјаниќ

Во претходните денови многу се пишуваше за можниот трансфер на Миралем Пјаниќ во Барселона.

Веќе некое време актуелни се шпекулациите дека Пјаниќ на крајот на оваа сезона ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Не е тајна дека двата клуба преговараа, но не се блиску до договор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Двата клуба преговараа за трампа според која Артур Мело би се преселил во Торино, но преговорите пропаднаа откако Бразилецот ја одби „старата дама“.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона има „план Б“ и сега ќе им го понуди Осман Дембеле во замена за потписот на Пјаниќ.

Сепак, Јувентус тешко дека ќе ја прифати оваа опција бидејќи не е заинтересиран за Дембеле. „Бјанконерите“ се спремни да прифатат да го добијат Ансу Фати плус пари за Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…