Дома Фудбал Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант запиша висока победа над Баерн Минхен од 4:1.

Рафиња погоди уште во првата минута за водство од 1:0. Потоа следуваше период на доминација на Баерн и израмни Хари Кејн.

Левандовски донесе предност без да се радува за голот, а Рафиња со фантастичен гол пред крајот на полувремето зголеми на 3:1.

Во вториот дел Рафиња го комплетираше хет-трикот после една фантастична асистенција на Јамал, а Левандовски имаше шанса и за „петарда“.

Ливерпул славеше на гостувањето кај Лајпциг со 0:1, а со идентичен резултат Интер победи на гостувањето кај Јанг Бојс.

Манчестер Сити запиша рутинска победа, а Атлетико беше шокиран во Мадрид од Лил со 1:3, иако прв дојде до водство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…