Дома Топ вести Барса бара слободен напаѓач, на списокот Пато и Манџукиќ

Барса бара слободен напаѓач, на списокот Пато и Манџукиќ

Со оглед на фактот дека Ансу Фати е тешко повреден и ќе отсуствува пет месеци, Барселона е во потрага по засилување на нападот.

Каталонците разгледуваат неколку опции на слободни агенти со цел да најдат замена за Ансу Фати.

Каталонски „Спорт“ откри неколку имиња кои се во списокот на Барселона, а меѓу нив и хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

Потоа од поинтересните опции се Алсендре Пато, Шинџи Кагава, Стариџ и Џек Вилшер, сите без клуб во моментов.

Барселона ќе се обиде да донесе еден од овие фудбалери и ќе му понуди договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…