Дома Македонски спорт Барди самоуверено за „АС“: Шутирам подобро од Кристиано Роналдо

Барди самоуверено за „АС“: Шутирам подобро од Кристиано Роналдо

0
bardhi

Енис Барди минатата сезона покажа дека е мајстор за слободни удари, а така продолжи и во новата во која против Гетафе постигна гол од слободен удар кој беше вистинско ремек дело.

Реномираниот шпански медиум „АС“ сега направи интервју со македонскиот репрезентативец во кое помеѓу другото Барди ја објасни својата техника на изведување прекршоците.

„Секогаш тврдам дека подобри можете да бидете само доколку тренирате, јас тоа го правам и така се обидувам да напредувам. Тренирањето е клучно за постигнување такви погодоци. Но, не е само тренингот морате да име одлично чуство. Како дете со десет топки пред мене вежбав слободни удар и така станував се подобар“.


Следете го Sportski.mk и на


„Го гледав Кристиано Роналдо кога настапуваше за Манчестер Јунајтед. Меѓутоа неговата техника не ми помогна многу. На тој начин можеби ќе постигнев атрактивен гол, но можеби и топката да завршеше далеку над голот. Таков гол можете да постигнете еден или два во сезоната. Според мене мојата техника е подобра затоа што секогаш оди во рамките од голот“, изјави Барди.

Интервјуто на Барди за „АС“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид се вклучи во трката за „бисерот“ на Рома

Откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, медиумите пишуваат дека ќе направ…