Дома Фудбал Барди и Леванте поразени од Севиља во натпревар со осум погодоци (ВИДЕО)

Барди и Леванте поразени од Севиља во натпревар со осум погодоци (ВИДЕО)

0
sevilla

Енис Барди и Леванте денес забележаа пораз од Севиља во натпревар со дури осум погодоци.

Нашиот интернационалец ги одигра сите 90 минути во натпреварот во кој Севиља го реши во првиот дел.

Бен Једер погоди во 11-тата минута, а Роџер изедначи само минута подоцна. Но до крајот на првите 45 минути, Једер постигна уште два гола, а во листата на стрелците се запиша и Карицо за убедливи 1-4.

При резултат 1:2, фудбалерот на домаќините Моралес не реализираше удар од белата точка.

Гостите во вториот дел после 15 минути игра постигнаа нови два погодоци преку Андре Силва и Сарабиа за веќе огромни 1:6.

Конечните 2:6 беа поставени во последните минути од средбата кога Данецот, Кјаер ја погоди сопствената мрежа.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лидс му понуди на Тоти да се врати од пензија и да заигра за нив

Лидс Јунајтед минатата недела потврди дека сака да го доведе искусниот голман Буфон чиј до…