Дома Фудбал Останато Балотели полудел кога ја видел изјавата на тренерот на Бешикташ: Те молам тренеру, дај ми да играм!

Балотели полудел кога ја видел изјавата на тренерот на Бешикташ: Те молам тренеру, дај ми да играм!

Maрио Балотели во текот на оваа недела беше во центарот на вниманието откако го провоцираше тренерот на Бешикташ Серген Јалцин.

Откако постигна гол за Адана Димрспор во мечот од турскиот шампионат Балотели истрча до клупата и му покажа на Јалцин дека во неговата глава има памет. На овој потег се одлучи затоа што во една изјава тренерот на Бешикташ претходно во минатото порача дека Балотели е без мозок.

Балотели за турските медиуми откри дека пријателите во соблекувалната му го покажале тоа видео и тој сакал да му се одмазди на Јалцин.

„Пријателите во соблекувалната ми го покажаа видеото на кое Серген Јалцин зборува дека немам мозок. Бев вознемирен и му се обратив на тренерот: Те молам дај ми да игра, имам одговор на ова. Немам никакви проблеми со Бешикташ, навивачите и играчите. Знам дека сакаа да ме доведат и таму играат многу мои пријатели“, изјави  Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…