Дома Фудбал Италија Балотели откри за кого ќе навива во миланското дерби и порача: Берлускони без Галиани е нула!

Балотели откри за кого ќе навива во миланското дерби и порача: Берлускони без Галиани е нула!

Марио Балотели оваа сезона повторно го врати својот сјај во дресот на Ница, особено после бледите години кои ги имаше во Милан и Ливерпул.

Италијанецот синоќа беше во Милано да ја гледа италијанската репрезентација и даде опширно интервју за „Раи Спорт“, каде откри за кого ќе навива во миланското дерби кое на програмата е овој викенд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Балотели ги носеше дресовите на двата милански ривали и никогаш не криел дека е фан на „росонерите“, но призна дека немал добар однос со Берлускони.

„Во дербито ќе навивам за Милан и се надевам дека ќе победи. Моето срце е ’црвено-црно’ и никогаш не сум криел дека навивам за Милан. Меѓутоа јас не ги заборавам годините поминати во Интер и никогаш нема да плукам во чинијата од која што сум јадел“, истакна Балотели, а потоа направи споредба меѓу Морати и Берлускони.

„Имав одличен однос со Морати, тој ме гледаше како свое дете. Берлускони не беше секогаш добар со мене и имаше непријатни изјави за мене, јас молчев бидејќи тогаш играв за Милан и не сакав полемики. Сепак, човек број еден во Милан е Галиани, Берлускони без Галиани е нула. Кога ќе замине Галиани Милан ќе го загуби најважниот човек во својата историја“, заклучи Балотели.

Контроверзниот напаѓач откри дека пред да потпише за Милан бил многу блиску до трансфер во Јувентус и му даде совет на својот другар Џиџи Донарума.

„Донарума е фантастичен и ќе биде број еден во светот. Имаме ист менаџер и јас го советувам да остане во Милан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…