Дома Фудбал Балотели заминува од Бреша: Тој со главата повеќе не е со нас

Балотели заминува од Бреша: Тој со главата повеќе не е со нас

Претседателот на Бреша, Масимо Челино призна дека клубот повеќе не смета на Марио Балотели.

Во Бреша се разочарани од однесувањето на Балотели.

„Тој е навистина чудно момче. Со главата повеќе не е со нас и јас се помирив со неговото заминување. Тоа и не се разликува многу од она што го правеше претходно во кариерата. По малку е анархичен. Неговиот договор се поништува во случај да испаднеме во Серија Б и така најверојатно ќе биде слободен агент кога ќе се види нашата ситуација. Сепак разочарани сме од него. Верувавме дека ќе има допринос на теренот, а тој покажа знаци на непрофесионално однесување како доцнење на тренинзите, недоволно залагање…“, изјави Челино.

Бреша е последен тим на табелата со 16 бодови и има дури девет помалку во однос на екипите кои се надвор од зоната на испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ривалот на Хајдук загрева со „петарда“, но во Европа е без бод

Линколн Ред Импс го пречекува Хајдук по убедливи 5:0 во домашното првенство. Гибралтарскио…