Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели во свој стил објасни зошто ПСЖ беше елиминиран уште во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Балотели смета дека ПСЖ е само еден обичен француски тим, исто како Гингамп.
„Не знам зошто се прави толкава драма. ПСЖ е еден обичен тим од Франција и се на исто ново, да речеме како Генгамп“, изјави Балотели.
„Сезонава ги имам гледано само еднаш против Реал Мадрид. Тие заслужија да загубат. Срамно е да се види дека се елиминирани толку рано во ЛШ. Проблемот е што парите купуваат играчи, но не можат да купат тим“, заклучи Италијанецот.