Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн трепери – Роналдо е „убиец“ на Германци

Баерн трепери – Роналдо е „убиец“ на Германци

Утре започнуваат полуфиналните дуели во Лигата на шампиони, а во центарот на вниманието е дуелот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Особено во фокусот е Кристиано Роналдо поради својата неверојатна статистика против германските клубови.

Имено, Роналдо има постигнато 26 гола на 22 натпревари против германски тимови, односно 1,8 по натпревар.

Омилената „жртва“ на Португалецот е секако Баерн Минхен, на кои им дал дури 9 гола на шест меѓусебни натпревари.

Покрај Баерн, погодуваше уште и против Борусија Дортмунд и Шалке по седум пати, а на Волфсбург му има дадено 3 гола.

Првиот меч помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на програмата е во среда во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Teнзии пред Мундијалот, Мбапе влезе во жесток судир со францускиот сојуз: Познавам многу луѓе кои тоа ги уништи!

Се чини дека на повидок е нов судир меѓу Француската фудбалска федерација и репрезентативц…