![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2020/05/алаба.jpg)
Иднината на Давид Алаба во Баерн Минхен беше доведена под знак прашалник бидејќи договорот на австрискиот универзалец истекува следната година.
Сепак, Баерн не сака да се раздели со својата ѕвезда и испрати понуда продолжување на соработката и 15 милиони евра годишна плата.
Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓
„Билд“ пренесува дека двете страни се блиску до договор и Алаба наскоро треба да стави потпис на истиот. Така Австриецот ќе стане еден од најплатените фудбалери во баварскиот гигант.
Неодамна Баерн ги продолжи договорите со Томас Милер и Мануел Ноер, па покажа дека нема намера да се разделува со најдобрите фудбалери.
27-годишниот Алаба е дете на Баерн Минхен, има многу важна улога во тимот и оваа сезона запиша 30 настапи во сите натпреварувања.