Дома Фудбал Баерн не победи, шампионот ќе се решава во последното коло (видео)

Баерн не победи, шампионот ќе се решава во последното коло (видео)

Фудбалерите на Баерн не успеаа да слават на гостувањето кај Лајпциг, додека главниот конкурент Борусија Дортмунд освои три бода на домашен терен против Фортуна Дизелдорф.

Дортмунд поведе во 41. минута од мечот преку Кристијан Пулишиќ, а гостите на стартот на вториот дел израмнија на 1:1.

Деланеј го врати Дортмунд во предност во 53-та минута, а Геце зголеми на 3:1 во последната минута. Во судиското продолжение Фортуна намали на 3:2.

Баерн иако имаше иницијатива, одигра реми без голови против Лајпциг. Во ремито прсти замеша и ВАР-технологијата кога го поништи погодокот на Леон Горецка поради офсајд позиција.

Сега шампионот ќе се решава во последното коло кога Баерн Минхен ќе го пречека Ајнтрахт, а Борусија и гостува на Борусија Мехенгладбах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасан го однесе Египет во осминафинале на СП, но отказ доби по семеен скандал

Египет го смени селекторот Хосам Хасан по настани што, според федерацијата, го нарушиле уг…