Дома Фудбал Баерн Минхен продолжува со тренинзи!

Баерн Минхен продолжува со тренинзи!

Фудбалерите на германскиот шампион Баерн Минхен ќе ги продолжат тренинзите во понеделник при строга согласност со правилото за социјална дистанца, објавува „Кикер“.

Баварците ќе се соберат на теренот во мали групи од 4-5 играчи и ќе започнат лесен тренинг по присилната пауза поради пандемијата од коронавирусот.

Другите екипи од Бундеслигата веќе тренираа изминатава недела. Германското првенство беше суспендирано кон средината на март и во овој момент датумот за продолжување на натпреварите е 30 април, но периодот веројатно ќе биде продолжен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седум порази и тензии во Наполи, но Де Лаурентис засега не го менува Алегри

По кризните разговори во тренинг-центарот, Алегри ја задржа поддршката од претседателот. П…