Баерн Минхен е силно заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и на лето ќе си замине од клубот како слободен агент.
Себаљос во последно време добива шанса кај Анчелоти и покажа дека е играч со голем квалитет, но на лето сака да ја промени средината.
Најсилен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој бара засилување за средниот ред и во Шпанецот гледа одлична можност.
Баварците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Себаљос и ќе започнат преговори за да ја победат конкуренцијата од италијанските клубови.