Дома Топ вести Баерн го „краде“ Виртц пред носот на Реал Мадрид

Баерн го „краде“ Виртц пред носот на Реал Мадрид

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на многу европски гиганти, пишуваат германските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.

Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и ова лето ги одби сите понуди за да остане во германскиот клуб.

Реал Мадрид важи како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Баерн Минхен, кој сака да го доведе најдориот германски фудбалер.

Баварците нема да жалат пари и се спремни да платат повеќе од 100 милиони евра, а самиот Виртц смета дека во овој период од кариерата е подобро да остане во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…