Баерн Минхен ќе ги заостри мерките и правилата за фудбалерите поради сериозните проблеми со Ковид 19 во последно време, пренесува „Билд“.
Баерн имаше пет позитивни фудбалер во исто време, што го постави тимот во деликатна ситуација и целиот тим мораше да биде во карантин.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Целиот тим ќе биде тестиран секој ден, за да бидат избегнати нови проблеми.
Сите планирани ивенти со медиумиски и спонзорски средби се замрзнати, а на фудбалерите нема да им биде дозволено ниту да пазаруваат. Тие ќе можат единствено да се движат од своите домови до тренинг базата и стадионот за натпреварите.
Во моментов во Баерн има двајца позитивни фудбалери кои се во изолација, Бенџамин Павард и Томас Милер.