Сезонава навивачите на Ајнтрахт Франфкурт се вистински хит во Европа, а се прославија кога на „Ноу Камп“ против Барселона успеаа некако да дојдат и до 30.000 билети што досега беше невидено за на гостински терен во Европа.
Колку го сакаат својот клуб покажува и последниот потег пред финалето во Лига Европа во кое овој тим ќе игра против Глазгов Ренџерс. Навивачите на Ајнтрахт се организираа на еден поинаков начин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На трибините во Севиља ќе можат да бидат само 10.000 германски фанови, но оние кои не успеаа да дојдат до билет добија можност на еден поинаков начин да го следат натпреварот. Имено, Ајнтрахт продаде 50.000 билети за трибините на нивниот стадион во Франкфурт од каде што видео бим ќе се следи натпреварот.
Билетите кои беа пуштени во продажба по 10 евра за брзо време беа распродадени, очигледно еуфоријата помеѓу Германците е огромна.