Дома Фудбал Англија Ајакс провоцираше, Јунајтед спреми „ѓаволски“ одговор!

Ајакс провоцираше, Јунајтед спреми „ѓаволски“ одговор!

Ајакс и Манчестер Јунајтед утре ќе ги одмерат силите во финалето од Лига Европа, па двете екипи освен престижниот трофеј сакаат да обезбедат и уќество во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Титулата во Лига Европа е единствениот трофеј кој недостасува во богатата историја на Манчестер Јунајтед, па холандскиот клуб го искористи овој факт за да го „боцне“ клубот од „Олд Трафорд“.

„Поздрав до Манчестер јунајтед, слушнавме дека нешто ви недостасува во витрините. Ние ќе се потрудиме така и да остане“, напишаа од Ајакс на својот официјален твитер профил.

Потоа следеше „ѓаволски“ добар одговор од страна на Манчестер Јунајтед.

„Нашите витрини се веќе прилично полни, но не грижете се – секогаш може да направиме уште место“.

„Ќе дознаеме во среда – се гледаме во Стокхолм“, ја заврши дискусијата холандскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ постави рекорд на светските првенства

Хрватска со победа од 2-1 над Гана го обезбеди второто место во групата „Л“ и пласман во н…