Дома Фудбал Репрезентации „Аѕурите“ по „Апокалипсата“: Ова е голем удар за италијанскиот фудбал, должни сме да се извиниме

„Аѕурите“ по „Апокалипсата“: Ова е голем удар за италијанскиот фудбал, должни сме да се извиниме

0

Репрезентацијата на Италија по фантастична низа од 60 години и 14 светски првенства за прв пат нема да биде дел од Мундијалот кој ќе се одигра во Русија.

„Аѕурите“ во својот прв натпревар против Шведска во баражот беа поразени од Шведска со 1:0, додека во реваншот одиграа реми без погодоци. По овој натпревар репрезентативната кариера ја завршуваат Џанлуиџи Буфон, Џорџо Киелни, Андреа Брзаљи и Даниеле Де Роси.

„Чуствувам дека им должам извинување на Италијаните поради овој резултат“, изјави селекторот Вентура.

Киелини изјави дека го заслужиле поразот.

„На крајот го заслуживме ова, јас не сум човек кој верува во среќа. Дадовме се што имавме, но тие на крајот повеќе заслужија да одат на Мундијалот“, истакна Киелни.

Де Роси смета дека ќе биде потребно време да се анализира овој „црн момент“.

„Нема што многу да се каже. Ќе биде потребно подолго време за сето ова да се аналзира. Единствената работа која можам да ја кажам е дека покажавме неколку идеи, но покажавме многу малку кога во прашање е тактиката“, изјави Де Роси.

Брзаљи изјави дека ова е голем удар за италијанскиот фудбал.

„Ова е големо разочарување. Нешто погрешно работевме. Ова е навистина голем удар за италијанскиот фудбал“, додаде Брзаљи.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Репрезентации

Проверете

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира… Барсело…