Манчестер Јунајтед предводен од Жозе Мурињо после седум одиграни кола има помалку бодови отколку минатата година во истото време кога „црвените ѓаволи“ ги предводеше Луј ван Гал.
Жозе Мурињо ова лето пристигна на „Олд Трафорд“ и потроши околу 200 милиони евра со цел да го врати Манчестер Јунајтед не само на врвот на Англија туку и во Европа.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Меѓутоа резултатите после седум одиграни кола се полоши дури и од оние на Ван Гал минатата сезона.
„Специјалниот“ во седум натпревари освои 13 бода, додека Ван Гал имаше скор од 16 освоени бода и три примени гола помалку од оваа сезона.
Ван Гал имаше пет победи, реми и пораз после седум кола, додека Мурињо запиша четири победи, реми и два порази.
Сигурно тоа не е она на што се надеваа на „Олд Трафорд“ кога пристигна Мурињо. Сепак, познавајќи ги квалитетите на „Специјалниот“ во следните месеци сето тоа може да се пормени.