Дома Фудбал Атлетико ќе заработи 180 милиони евра и тоа без да продаде ниту еден играч

Атлетико ќе заработи 180 милиони евра и тоа без да продаде ниту еден играч

0

Aтлетико Мадрид благодарение на својот поранешен стадион „Висенте Калдерон“ ќе заработи дури 180 милиони евра без да продаде некој фудбалер.

Имено, стадионот на Атлетико до крајот на годината ќе биде срушен, а потоа ќе следи голема заработка на клубот од Мадрид.

Симеоне и неговиот тим на новиот „Ванда Метрополитано“ играат од септември 2019 година, а легендарниот Висенте Калдерон тогаш беше срушен. Овој стадион беше изграден во 1959 година и беше стадион со една од најжестоките атмосфери, но Атлетико одлучи дека е време да се пресели на нов стадион. За иградата на „Ванда Метрополитано“ тие потрошија 240 милиони евра.

Сега следи заработката од стариот стадион. Клубот од Мадрид ќе заработи дури 180 милиони евра од продажбата на парцеата каде што се наоѓа стадионот.

Оваа сума и тоа како добро ќе му дојде на клубот во преодниот рок во кој Атлетико веќе доведе девет фудбалери, а се поврзува и со уште неколку имиња.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…