Дома Фудбал Атлетико револтиран: Сумата од 120 милиони евра не е доволна!

Атлетико револтиран: Сумата од 120 милиони евра не е доволна!

0

Антоан Гризман денеска стана нов фудбалер на Барселона.

Шпанскиот првак објави дека го комплетирале трансферот на напаѓачот на Атлетико, а беше објавено откако адвокатите на играчот уплатиле 120 милиони евра во седиштето на Ла Лига.

Сепак, раководството на Атлетико Мадрид одлучи да ги бара своите права и се убедени дека Барса на нивната сметка морала да уплати повеќе пари.

Според нивните тврдења договорот бил постигнат пред да падне неговата клазула на 120 милиони евра и сметаа дека Барса треба да плати 200 милиони евра.

„Сумата која е уплатена не е доволна да се плати неговата клазула. Очигледно е дека договорот помеѓу клубот и Барселона е постигнат пред да падне откупната клазула од 200 милиони евра на 120 милиони. Атлетико Мадрид смета дека договорот е прекршен, па клубот одлучи да покрене процедура за заштита на интереси.“ – пишува во соопштението на Атлетико, и продолжува:

„Атлетико е разочаран од однесувањето на Барселона, но и играчот. Посебно разочарувањето се однесува на Барселона, која му пристапи на фудбалерот во моментите додека нашиот клуб играше важни натпревари, не само во ЛШ против Јувентус, туку и во лигата пред натпреварот против нивниот тим.“

Останува да видиме што ќе се случува понатаму во овој случај, но очигледно е дека тимот од Мадрид нема лесно да се помири со заминувањето на Гриман во редовите на големиот ривал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар се враќа во тимот – ќе патува со ПСЖ на турнеја во Кина

Бразилската суперѕвезда Нејмар, ќе патува со Пари Сент Жермен на предсезонската турнеја во…