Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид го пронајде наследникот на Диего Годин

Атлетико Мадрид го пронајде наследникот на Диего Годин

Диего Годин после осум години ќе го напушти Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Атлетико не седи со скрстени раце и веќе работи за ангажирање на играч кој ќе биде адекватна замена за Уругваецот.

АС пишува дека Атлетико тргнал во преговори за трансфер на Отаменди, 31- годишниот дефанзивец на Манчестер Сити.

Отаменди играше брилијантно претходната сезона, додека во оваа сезона го изгуби местото стартер.

Спортскиот директор на мадридскиот клуб, Берта веќе зборувал со Хорхе Мендес и враќањето на Аргентинецот во Ла Лига е се поизвесно.

Отаменди претходно настапуваше за Валенсија од каде во август 2015 година за 45 милиони евра премина во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара. Според Флор…