Дома Фудбал Атлетико го следеше примерот на Барса: Платите намалени за 70%

Атлетико го следеше примерот на Барса: Платите намалени за 70%

Играчите на Атлетико Мадрид го следеа примерот на другите колеги од Шпанија и се согласија за намалување на платите од 70% во периодот додека трае вонредната состојба, соопштија од „Ванда Метрополитано“.

Платите на бордот на директори и другите функциони исто така ќе бидат намалени, соопштија од клубот.

Целта на мерките е финансиската стабилност на „јорганџиите“ бидејќи сите клубови во Шпанија се погодени од пандемијата.

Пред неколку дена и Барселона исто така ги намали платите за 70%, а Реал Мадрид се уште се нема одлучено на таков чекор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…