Дома Фудбал Аталанта: Бергамо ова е за тебе!

Аталанта: Бергамо ова е за тебе!

Aталанта вчера на „Местаља“ славеше со 4:3 и со вкупни 8:4 во двомечот со Валенсија се избори за четвртфинале во Лигата на шампионите.

Херој на тимот од Бергамо беше Јосип Иличиќ кој постигна дури четири гола, а после натпреварот тој и соиграчите испратија порака на луѓето во Бергамо.

„Бергамо, ова е за тебе! Никогаш не се откажувај“, пишуваше на маицата која членовите на Аталанта ја држеа во раце пред камерите.

Инаку, Бергамо е еден од потешко погодените делови во Италија со коронавирусот, а во целата земја заразени се повеќе од 10.000 лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

141 шут и само четири гола: Арсенал во криза, Путељас како пропуштена шанса

Шест домашни ремија по ред, свирежи од трибините и напад зависен од Русо. Анализата на Ска…