Дома Топ вести „АС“ лансираше „бомба“: Левандовски сака трансфер во Реал Мадрид

„АС“ лансираше „бомба“: Левандовски сака трансфер во Реал Мадрид

Еминентниот шпански весник „АС“ пренесува дека Роберт Левандовски му соопштил на Баерн Минхен дека не е задоволен и сака да ја промени средината.

Според „AС“, Левандовски им рекол на своите агенти дека сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и ќе побара од раководството на Баерн да го пушти да си замине следното лето.

Полјакот следното лето влегува во последната година од договорот и нема никаква намера да го продолжи договорот.

Реал Мадрид следното лето планира да реализира неколку трансфери, како што се тие на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои ќе бидат приоритет наместо 33-годишниот напаѓач.

Наводно и Баерн смета дека ова е вистинско време за негова продажба и сака како негова замена за го донесе Халанд или Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…