Дома Останати Астрономска понуда за Кабиб: 200 милиони долари за борби со – Конор и Мејведер!

Астрономска понуда за Кабиб: 200 милиони долари за борби со – Конор и Мејведер!

УФЦ шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арапски богаташи му понудиле на Дагестанецот 200 милиони долари за во Саудиска Арабија да се бори со Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер. Оваа вест ја потврди менаџерот на Кабиб, Али Абделазиз кој преговарал со луѓето од Саудиска Арабија.

Претходно таткото на Кабиб бараше 100 милиони долари за неговиот син да прифати реванш со Конор. Богаташите таа негова изјава како едвај да ја чекаа. Тие ја нудат таа сума, но под услов борбата да се одржи во Ријад.

После реваншот со Конор, Кабиб би се борел во боксерски меч со Флојд Мејведер. За оваа борба би добил дополнителни 100 милиони долари.

Понудата секако и тоа како е примамлива, но останува да видиме дали на крај ќе ја видиме таа борба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…