Дома Фудбал Арјен Робен стави крај на величенствената карира!

Арјен Робен стави крај на величенствената карира!

Легендарниот холандски фудбалер, Арјен Робен објави дека става крај на својата кариера во 36-та година од животот.

Договорот на Робен со Баерн Минхен истече минатиот месец, па иако имаше неколку примамливи понуди, Холанганецот реши да стави крај на кариерата.

„Време е за нова страница, едвај чекам целосно да се посветам на моето семејство, да поминам повеќе време со мојата сопруга, моите деца, да уживам во убавината на животот кој е пред нас. Дефинитивно се повлекувам, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство за несебичната и целосна поддршка, разбирање и љубов. Во моментов сум фит и здрав, и како фан на многу други спортови би сакал да останам така и во иднина. Па затоа дефинитивно ќе престанам, но тоа е добро“, изјави Робен.

Робен кариерата ја започна во Гронинген, а потоа се пресели во ПСВ од каде направи трансфер во Челзи.

Од 2009 до 2009 година играше за Реал Мадрид, а потоа се пресели во Баерн Минхен каде остана цели 10 години и ги постигна најголемите успеси во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета го пофали Јакировиќ, но порача: Хал мора да падне на „Емирати“

Пред денешниот дуел од 16 часот, тренерот на Арсенал предупреди на тимот што веќе го побед…