Дома Фудбал Германија Артуро Видал најави заминување од Баерн

Артуро Видал најави заминување од Баерн

Денеска германски Билд соопшти дека Баерн сака да продаде четири фудбалери во летниот преоден рок и тоа Бернат, Алкантара, Боатенг и Видал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Баерн ќе ги продадат сите споменати играчи доколку стигнат понуди, а се чини дека Артуро Видал и сам ја спрема птенцијалната промена на средината.

Тој во својата последна изјава на одреден начин го најави своето заминување од Баерн, односно дека ќе размисли за сите опции за иднината.

„Мојот договор важи уште една година. Релаксиран сум, знам колку вредам и знам како се играат важни натпревари. Поради тоа и имам толку понуди кога започне преодниот рок, но овој пат внимателно ќе размислам.“ – изјави Видал и додаде:

„Мојот менаџер ќе се погрижи за се. Сега сум на одмор така да новата сезона ќе ја дочекам во најдобра можна форма. Ако го променам тимот сакам предизвици во ЛШ, сакам да освојувам титули и че се борам за нешто важно.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…