Менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека клубот го очекува многу тежок трансфер период во јануари.
На Арсенал му се потребни засилувања, но Артета признава дека клубот ќе мора прво да продаде фудбалери за да купи нови.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Во моментов планираме за трансфер пазарот во јануари, но нема да биде лесно. Ќе бидеме многу ограничени кога станува збор за привлекување на нови фудбалери“, изјави Артета.
Арсенал моментално се наоѓа на 14-то место во Премиер лигата после десет одиграни кола. „Тоа е недозволиво и треба да се промени што побрзо. Можеме да се правдаме со судии и други фактори, но проблемот е што не постигнуваме голови. Треба да се подобриме што побрзо“, заклучи Артета.