Шпанскиот стратег на кормилото на Арсенал не го криеше разочарувањето по минималниот пораз од Интер со 1:0 во Лигатата на шампионите.
Артета го пофали настапот на својот тим, зборуваше за промашените шанси, но не пропушти и да искоментира судењето кое според него било клучен фактор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нероаѕурите“ победата ја остварија со голот од пенал по играњето со рака на Микел Мерино, а во Арсенал беа бесни затоа што сметаа дека требало да има пенал за нив по стартот на Зомер токму над Мерино.
„Тие одлуки го одлучија резултатот. На едната страна не се досуди пенал, па се досуди на другата. Тешко е да прифатите кога ќе изгубите на ваков начин, одигравме квалитетно. Ова беше еден од најдобрите на Арсенал во изминатите години, доминиравме на теренот како ретко кој против Интер, но за жал не постигнавме гол“, изјави Шпанецот.